fbpx

Филипче: Сите јавни собири ќе бидат со посебни протоколи

Вирусот нема да исчезне се додека не се измисли вакцина. Тоа што е многу важно е дека со вирусов ќе живееме во целиот период кој е пред нас. Сите јавни собири, ќе бидат со посебни протоколи, изјави Венко Филипче во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Министерот за здравство нагласи дека работата е под контрола и дека ги очекуваат протоколите и мерките од Комисијата.

– Одлично се справивме со кризата. Добро се координиравме и организиравме. Поставивме добра стратегија. Се водевме од бројките и науката. Дијагностициравме таму каде што е потребно. Ги заштитивме капацитетите на болниците. Немавме преполни болници. Ги избегнавме сценаријата од Италија и Шпанија. Сега ги гледаме резултатите од таа стратегија. Опаѓа бројот на заболени, иако имаме мали варијации. И во овој момент имаме стабилна ситуација, добри мерки и доколку граѓаните ги почитуваат се ќе се доведе во нормала. Се координираме и со соседите за начинот на отворањето на границите – вели тој.

Следни Објави

Обложување преку шалтер, молови без угостителска дејност: Филипче ги најави новите мерки

Министерството за здравство ќе достави предлог за олабавување на мерките во неколку фази до Комисијата за заразни болести, откри министерот Венко Филипче на денешната прес-конференција. МЗ предлага оваа недела да се отворат центрите за едукација и обука, семинари на возрасни, организација на седници, авто-школи, испитни центри, спортски тренинзи за индивиуални […]