fbpx

Марина го остави мажот, па се омажи со неговиот син: Владимир го сакам!

Знам дека многумина ќе нѐ осудуваат, некои ќе нѐ поддржат, но ние сме среќни и истото ви го посакуваме и вам, искрена е Марина

Инфлуенсерката Марина Балмашева (35) од Русија, која се прослави документирајќи го нејзиниот процес на слабеење на „Инстаграм“, сега ја шокираше јавноста со признанието дека се омажила за својот посинок кого го запознала кога тој имал само седум години.

Балмашева полни 13 години била во брак со Алексеј (45). Кога се развеле, таа започнала љубовна врска со неговиот син Владимир (20).

– Никогаш не знаеш што те чека во животот. Знам дека многумина ќе нѐ осудуваат, некои ќе нѐ поддржат, но ние сме среќни и истото ви го посакуваме и вам – изјави неодамна Марина за „Дејли мејл“.

Руските медиуми информираат дека Марина со поранешниот сопруг посвоила пет деца и дека моментално живее со Владимир и со уште три деца кои ги посвоила со неговиот татко. Другите две живеат со Алексеј.

Марина на „Инстаграм“ ја следат 416.000 луѓе. Пред два месеца гостуваше во едно руско шоу каде отворено зборуваше за односот со 15 години помладиот посинок.

Додека била во брак со Алексеј била несреќна, па поради тоа се здебелила.

– Владимир ме врати во живот. Не се чувствувам како постара жена која мора постојано да се грижи за домот. Сега се чувствувам како млада и среќна девојка – раскажа таа, дополнувајќи дека нема страв од евентуални љубовни излети на 20-годишниот партнер.

Нивната врска веќе предизвика контроверзии, особено откако Марина објави фотографија со Владимир од времето кога се омажила за неговиот татко, а на која тој има само седум години.

Следни Објави

За дезинфекција и опрема им требаат плус 3.000 дневно: Угостителите се жалат

Според проценките на Комората на угостители,за еден објект со посериозен капацитет, дополнителните обврски би чинеле околу 3.000 денари дополнителни трошоци дневно. Оваа сума се однесува на набавка на дезинфекциски средства, заштитна опрема, дезобариери.. За таа цел, во нивнот предлог од аспект на превенција, бараат да им се помогне колку што […]