fbpx

Обложување преку шалтер, молови без угостителска дејност: Филипче ги најави новите мерки

Министерството за здравство ќе достави предлог за олабавување на мерките во неколку фази до Комисијата за заразни болести, откри министерот Венко Филипче на денешната прес-конференција.

МЗ предлага оваа недела да се отворат центрите за едукација и обука, семинари на возрасни, организација на седници, авто-школи, испитни центри, спортски тренинзи за индивиуални спортови, спортски и други обложувалници преку шалтер без угостителска дејност, отворање на затворените трговски центри (молови) без угостителска дејност, како и отворање на центрите за рехабилитација на слух говор и глас.

– Следната недела ќе предложиме и отворање на угостителските објекти со послужување, зелено светло за спортските тренинзи на отворено за колективните спортови, а неделата после тоа и отворање на казината, теретаните и хотелските обекти – откри Филипче.

Министерот за здравство нагласи дека за олабавување на мерките се земени три клучни критериуми кои во предвид ги зема и Светската здравствена организација: дали епидемијата е ставена под контрола, дали здравствениот систем може да се справи со голем број случаи по олеснувањето на мерките и дали имаме капацтет за надзор, односно откривање на нови случаи.

Од утре почнува и скринингот со вработените во градинките, а за полицискиот час дополнително ќе се одлучува, информира Филипче.

Следни Објави

(ВИДЕО) Лидерска средба на Водно, само еден не носеше маска

На денешната лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски која се одржува на отворено на една од терасите во вилата „Водно“, само генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, се појави без заштитна маска. Тоа изненади многумина, ако се земе в предвид дека токму Таравари беше министер за здравство пред […]