На денешната лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски која се одржува на отворено на една од терасите во вилата „Водно“, само генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, се појави без заштитна маска.
Тоа изненади многумина, ако се земе в предвид дека токму Таравари беше министер за здравство пред доаѓањето на Венко Филипче.
Заштитни маски носеа и членовите на кабинетот на Пендаровски, а на сите присутни на влез им беше мерена температура.