fbpx

Царовска со ќерката се врати од Лондон, не добија довола за домашна самоизолација

Сега кога веќе помина најтешкото од нашето патешествие, наоѓам момент јавно да упатам огромно благодарам до македонскиот конзул во Бугарија, Александар Панев, кој безрезервно работи и помага на илјадници луѓе да си дојдат дома преку Софија, меѓу кои и ние. Секогаш достапен и на штрек за сите препреки и проблеми, ни помогна да се чувствуваме безбедни и заштитени од својата држава. Колку се радувам што сеуште имаме луѓе како него. Се надевам дека ќе си го добие заслуженото признание.

Освен тоа, ок сме и не ни е лошо, хотелскиот персонал во Амбасадор се навистина љубезни и услужливи, се грижат за нас повеќе од доволно, среќни сме што сме баш овде и што сме дома во Македонија, настрана од целава фарса што ни се случува, во која за жал и самите наши “функционери” се жртви, некои од нив тоа веќе го дознаваат ама не знаат како надвор од “барабанот”, а некои допрва имаат за скопчати, кога ќе ги стигне реалноста.

Она што многу ми ја топли душата е што, во споредба со “развиените западни земји”, кои (само) навидум се демократски и слободни, во нашата никогашсеверна република Македонија, и под најстрог режим испливува човечноста и добродушноста на површина, и под најголеми поделби и системизирана омраза – се изборува љубовта, и најзагадената почва произведува храна повкусна од најскапата најорганската на запад. Понекогаш се прашувам дали навистина истото сонце не грее сите или ова нашево е посебно 😀

Во домашна самоизолација не не пуштија да одиме, иако кризниот штаб условно ни го одобри барањето, сеуште сме во карантин заради што не успеавме да извадиме документи за дијагноза поради бирократската ничија земја во која заглавивме – јунајтед киндом не не пушти да одиме на доктор за да ни издаде потврда, ради короната де, а овде во Мк не можеме на доктор, дека во карантин.

И така, ќе издржиме, фала ви нај на сите што ми пишавте и понудивте помош и ми помагавте во најтешките моменти. Тоа е таа љубов за која ви зборам. Год блес, дечки.

Фејсбук-статус на Тања Царовска

Патешествието таа го објасни синоќа, но тој пост во меѓувреме го избриша и можете да го прочитате ТУКА!

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

(ФОТО) Кило цреши колку субвенција за велосипед

Да! Дојде тоа време во годината кога, ако сакате меѓу првите на трпезата да имате свежо овошје што и онака расте во секој трет двор, ќе морате да издвоите цело богатство. Деновиве во скопските маркети кило цреши чини речиси колку што Град Скопје дава субвенција за велосипед. Доказот го имаат […]