Израелката Сара Ицингер (99) го преживеала Холокаустот, а сега се излекувала и од Ковид-19, по боледување од речиси еден месец откако се заразила во дом за стари лица во Ерусалим, јавуваат тамошните медиуми.
Покрај неа, се заразил и нејзиниот 96-годишен сопруг, но тој починал пред помалку од еден месец.
Ицингер закрепнала и покрај големиот број хронични болести што ги имала. Откако го преживеала Холокаустот во Втората светска војна, таа се преселила во САД каде што го запознала нејзиниот сопруг, со кого има ќерка и 13 внуци. Пред околу една година, сите се преселиле во Израел, каде Сара и нејзиниот сопруг живееле во дом за стари лица.