fbpx

Врски со мафијата, многу жени и алкохол: Бурниот живот на Синатра

Во Лос Анџелес 1998 година светот се прости со легендарниот американски пејач и актер Френк Синатра. Она што сѐ уште предизвикува полемики е неговиот бурен живот позади камерите.

Четири сопруги, три признаени и едно непризнаено дете, многу пријатели од другата страна на законот.. Неговите љубовни афери, проблемите со алкохолот и професионалните подеми и падови се тема на многу расправи, а неговата поврзаност со мафијата детално е анализирана во медиумите.

Роден е на 12 декември 1915 година во Хобокен. Со желба да стане спортски новинар, на 15 години го напушта училиштето. Отсекогаш се интересирал за спортот. „Новинарската“ кариера ја почнува како возач на камиони за весникот New Jersey Observer, а подоцна и навистина е дел од редакцијата. Уредниците сметаат дека обичаен работник не може да биде новинар, па Синатра се запишува во вечерно училиште за новинарство. Трудот му се исплаќа, иако животот подоцна го носи во друг правец.

Во однос на музиката, нема формално образование, но има совршен слух кој не му се нарушува и покрај пукнатото ушно тапанче. Некои тврдат дека тоа му е „спомен“ од тепачка во младоста. Токму оваа повреда ќе биде причина да не оди во војна, иако не престануваат гласините дека наводно плаќа 40.000 долари за да ја избегне воената обврска. Како и да е, Френк ги бодри војниците пеејќи им пред заминувањето на фронтот.

Во неговиот здравствен картон наводно пишува дека бил невротичен, но ФБИ никогаш не успеа да докаже дека дезертирал. За време на Втората светска војна не бил обожуван, бидејќи често одел во коцкарници, многу заработувал и се забавувал со убави девојки додека другите гинеле на фронтот.

На една од многубројните забави го запознава Томи Дорси, едно од најголемите имиња од ерата на Биг Бендовите. Наводно во тоа време потпишува крајно неповолен договор со кој се обврзува во наредните 35 години да го дели профитот со него. Паралелно со градењето на музичката кариера, го фасцинираат и филмските студија. Во тоа време веќе е во брак со Ненси Барбато, љубов од детството која исто така била пејачка.

Од почетокот на кариерата, се зборува за неговата поврзаност со мафијата. Благодарение на неговите пријатели од подземјето успева да го раскине договорот со Дорси.

Во 1946 го снима првиот соло албум The Voice of Frank Sinatra со дури 15 хит-синглови. Неговите плочи се продаваат во милиони примероци и не се симнува од медиумите.

 „Алкохолот е човековиот најголем непријател, но Библијата вели да ги сакаме нашите непријатели“, е една од легендарните изјави на Синатра.

И покрај бурниот живот, секогаш им е лојален на своите деца. Во 1963 година неговиот син Френк Јуниор е киднапиран и Френк е принуден да плати 250.000 долари. Третиот брак со Миа Фароу ќе му потрае само 16 месеци. Причината за развод наводно е што таа одбива да глуми со него во филмот „Детектив“.

Синатра и по четврти пат ќе застане пред олтар, со Барбара Маркс. Со неа останува сѐ до неговата смрт.

Во неговата биографија стои дека подолго време пател од биполарно нарушување, а последните години и од деменција.
Еден ден по неговиот погреб, најголемите хотели и казина ги намалија светлата, а Empire State Building ги пушти во сина боја во негова чест. На неговиот гроб стои: The best is yet to come!

Следни Објави

Филипче: Станувам во четири наутро, така сум попродуктивен

Се будам околу 4-5 наутро. Така сум попродуктивен, открива министерот за здравство, Венко Филипче, во новата епизода на популарното шоу „Еден на еден“ која е на програмата в недела во 18:30 часот на „Канал 5“. Од продукцијата на Жаре информираат дека Филипче зборува за своите прогнози и дава анализа за […]