Европските земји полека се враќаат во живот по олабавувањето на мерките против Ковид-19, а една од нив е и Германија.
Според одредени „правила на игра“ конечно почнаа со работа и тамошните кафулиња и ресторани, а еден од протоколите е масите да бидат на растојание не помало од еден и пол метар.
Сопственичката на Café Rothe Schwerin, Жаклин Роте, дојде до генијална идеја за нејзините муштерии да се придржуваат кон социјалното дистанцирање – специјални капи од ленти за пливање.
Сопственичката на овој угостителски објект подоцна им изјави на медиумите дека одлучила да го искористи моментот за подобра промоција и дека гостите не се обврзани капите да ги носат постојано. Сепак, социјалното дистанцирање мора да се почитува.