Пејачката Дани Димитровска пред две години успеа значително да ослабне благодарение на еден интересен протеински режим на исхрана.
Првите два месеца консумирала само готова храна и протеински напитоци, а третиот почнала да внесува и природни протеини во форма на месо и белки од јајца. Дани, во една прилика, нагласи дека станува збор за дехидриран, млечен протеин.
Таа подоцна во друго интервју откри дека целото мени ѝ се состоело од протеини, пет пати во денот во помали колични како готова храна и напитоци. Веќе третиот месец почнала да јаде месо и белки од јајца.
Пејачката сега внесува и многу зеленчук, исклучиво зелен, а на трпезата сѐ повеќе има и овошје.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Семејната драма ја направи посилна: Животната приказна на Блага Петреска
На 51 е вистинска убавица: Каде е првата македонска лото девојка?