Заврши увидот на Матка каде синоќа полицајци кои вршеле обиколка во Горна Матка пронашле тело, кое според најновите информации на Press24 не било во распаѓање и станува збор за машки труп.
Press24 дознава дека се работи за лице на возраст од 25 до 40 години и се претпоставува дека се работи за насилна смрт, но останува на Судска медицина да ја открие причината за смртта.
Во моментот сѐ уште се работи на утврдување на идентитетот на жртвата.