Сета таа љубов која ме опкружи од луѓе кои дури и лично не го сретнале Драган, мене ми ја стопли душата. Драго ми е што знам дека беше сакан и почитуван. Драго ми што тој беше мој сопруг, татко на нашиот син. Благодарна сум му што ми го даде Мартин, раскажува сопругата на Драган Вучиќ во нејзиното прво интервју по трагедијата за „Фокус“.
Конечно ги потврди шпекулациите дека и таа била позитивна на Ковид-19 и дека успеала да закрепне, како што вели, благодарение на донирана крвна плазма од анонимен пациент излекуван од вирусот.
– Излекуваните лица можат да ги спасат животите на оние кои се борат со овој страшен и опасен вирус. Од срце им упатувам порака да донираат крвна плазма, да не чекаат. Мора сите да се обединиме во ова зло, да бидеме солидарни, оти болеста не избира, секој може да биде следниот. Сите сме еднакви и мораме да си пружиме рака, тоа е она кое оваа болест ни го испиша помеѓу редови – порачува г-ѓа Вучиќ за „Фокус“.
За моментите како се заразил трагично починатиот музичар и шоумен, за деновите кога бил префрлен на Инфективната клиника, но и за битката до последниот момент, прочитајте ТУКА!