Популарната тинејџерка и активистка Грета Тунберг која американскиот магазин Time лани ја прогласи за личност на годината досега криеше голема семејна тајна.
Младата Швеѓанка која стана вирално позната по својата борба за заштитата на животната средина, конечно ќе мора да се помири дека целиот свет дозна за естрадната кариера на нејзината мајка.
Малена Ернман ја претставуваше Шведска на евровизискиот избор во 2009 година во Москва. Оваа вест навистина ги шокира фановите на Тунберг која во принцип презира таков тип на манифестации.
Грета, девојката со карактеристични две плетенки која има Аспергеров синдром, е максимално посветена во борбата со климатските промени. Таа доби поддршка од многу славни и влијателни луѓе, меѓу кои и холивудскиот актер Леонардо Дикаприо кој исто така е многу гласен на оваа тема.
Во продолжение погледнете го настапот на мајката на Тунберг на „Евросонг“!