fbpx

(ФОТО) Свештеник ги прска верниците со пиштол на вода

Свештеник од Детроит, Мичиген, сакајќи да го задржи пропишаното физичко растојание, на Велигден ги прскал верниците со пиштол наполнет со крстена вода.

Фотографиите како отец Тим Пелк (70), носејќи и заштитна маска, ги прска луѓето преку прозорецот од нивниот автомобил, се појавија дури сега и станаа хит по бројните шеги на „Твитер“.

За тамошните медиуми, тој изјави дека тоа било така зашто луѓето од тој крај сериозно ги сфаќаат препораките на здравствените власти во однос на корона-пандемијата.

Досега во САД има 1,52 милиона заболени лица од коронавирусот, од кои 89,932 се починати. 

Следни Објави

(ФОТО) Плажирање на Треска: Сончање на дистанца!

Топлото време во мај ги натера скопјани порано од вообичаеното да побараат начин да се изладат и да уживаат во природата. На многумина од нив, секако избор им беше езерото Треска. Иако овој комплекс повеќе од две децении не функционира и е напуштен, а поради загаденост водата е забранета за […]