fbpx

Филипче: Се подготвуваме за втор бран

Коронавирусот многу веројатно ќе има и втор бран покажуваат сите досегашни студии, но и искуства од други епидемии. За него се подготвуваме согласно консултациите кои ги имаме со повеќе земји, со СЗО, но и со поединечни случаи од повеќе земји. Започнуваме голема инвестиција во здравствениот систем и ги зајакнуваме одделенијата за интензивна нега ширум земјата. Се подготвуваме за новиот бран на вирусот наесен и ќе го пречекаме поподготвени за да го заштитиме здравјето за граѓаните, истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Филипче посочи дека ќе се опремат сите одделенија за интензивна нега со модерна опрема, кревети, респиратори, дигитални рендген апарати, ехио апарати и се друго што е потребно за да се пружи соодветна здравствена заштита.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

Македонската влада со нова одлука за државниот карантин

Следни Објави

Имал три желби пред да умре: Сите ги оставил без збор!

Сулејман Величествениот, десетиот султан на Отоманската империја, тронот го наследил кога имал само 26 години. Пред неговата смрт ги повикал најблиските соработници за да ги каже неговите три последни желби. Првата желба била само неговите исцелители да го носат ковчегот со неговите посмртни останки за време на погребот. Втората желба […]