Сулејман Величествениот, десетиот султан на Отоманската империја, тронот го наследил кога имал само 26 години.
Пред неговата смрт ги повикал најблиските соработници за да ги каже неговите три последни желби.
Првата желба била само неговите исцелители да го носат ковчегот со неговите посмртни останки за време на погребот.
Втората желба му била златниците и скапоцените камења да останат позади поворката на патеката по која ќе поминат неговите посмртни останки.
Третата желба била од ковчегот да му излегуваат рацете, и тоа така да може сите да ги видат.
Кога главниот воен командант, поприлично збунет од тоа што го слушнал, собрал храброст да го замоли да ги образложи желбите, Величествениот му објаснил.
Најдобрите исцелители да ги носат моите посмртни останки за и тие да видат дека сите се немоќни пред смртта!
Расфрлете го наоколу златото кое целиот живот го собирав за сите да видат дека сѐ што стекнуваме останува на овој свет!
Моите раце нека бидат надвор од ковчегот за сите да видат дека нивниот султан и покрај огромното богатство заминува на оној свет со празни раце!
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.