fbpx

Филипче: Гордана го кочи проектот за коронавирус вреден 90 милиони евра

Околу еден месец дополнителната заменичка министерка за финансии Гордана Димитриевска-Кочоска го кочи проектот за справување со коронавирусот вреден 90 милиони евра, средства од Светската банка кои, меѓу другото, се наменети за кревети за интезивна нега за сите инфективни одделенија во државава, за лабораториски капацитети… Ова за МИА го изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Тој информира дека Димитриевска-Кочоска неколку пати испраќала барање до Министерството за здравство за објаснување за што ќе се употребат средствата и исто толку пати ѝ било одговорено. Според Филипче, прашањата ѝ се повторуваат, а со таа нејзина постапка на одолговлекување, не се одобруваат средствата за здравствениот систем, односно за ургентна поддршка за зајакнување на капацитетите  за третнам на ковид пациенти.

– Средствата што се одобрени, а не ги одобрува Димитриеска Кочоска, ќе помегнат да ги опремиме сите инфективни оделенија во државава, пред се со интезивни кревети, машини за сликање, лабораториски капацитети и друго. Има еден дел од средтвата за едукација на лекарите, потоа за надградување на епидемиолошките центри со комплемнта опрема, односно овие средства се за сите аспекти кои ги покрива Ковид вирусот – појаснува Филипче.

Следни Објави

Расте бројот на заразени: Дури 40 нови случаи на Ковид-19

Во изминатите 24 часа направени се 549 тестирања, а регистрирани се 40 нови случаи на ковид-19. – Скопје 26– Куманово 1– Прилеп 1– Тетово 10– Велес 1– Битола 1 Досега во земјата се направени вкупно 23316 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 209 теста […]