Само еднаш во 365 дена, Близнаците имаат млада Месечина во својот знак, а оваа година се активира утре на 22 мај
Со младата Месечина во Близнаци се буди желбата кај многу личности за некои новитети, осебно на емотивно поле. Овој период е многу важен за зацртаните цели на кои треба да им се посветите баш периодов.
Многу комуникации, знаења и сознавања сега ќе почнат да испливуваат на површина. Сѐ што е важно за комуникацијата и за другата симболика на близнаците ќе биде нагласена.
Младата Месечина е во аспект со Сатурн од Водолија што кај одредени личности ќе укаже дека се промислени, конзервативни, сериозни и внимателни. Исто така, ќе биде во аспект со Марс од Риби, што може да предизвика емотивна криза, а не е добар ниту за здравјето ако не бидеме подготвени. Меркур и Венера од Близнаци ќе бидат во квадрат со Нептун, па многу личности може да очекуваат борба помеѓу интуицијата и чувствата додека со Меркур нѐ очекуваат нереални комуникации и лаги, а можно е и заплашување со некои непријатни вести.
Што може да очекуваат некои од знаците?
БЛИЗНАЦИ
Може да доживеете многу среќни моменти. Овој период ќе оставите особен впечаток кај другите, затоа ослободете се и не се двоумете да се покажете во едно сосема ново светло. На тој начин ќе плените со вашите харизма и енергија.
ЛАВ
Слободно побарајте помош од другите. Можни се непланирани трошоци и тоа не можете да го промените. Советот до вас е за сѐ да делувате со трпение и со тактика. Не брзајте никаде, затоа што подоцна сѐ си доаѓа на свое место. Само треба да направите план по мерка.
ШКОРПИЈА
Многу Шкорпии имаат засилена интимност со своите партнери. Некои од нив е можно да имаат проблем со пари кои не се нивни. Секако, сега не се препорачува задолжување или кредити, бидејќи Јупитер е ретрограден и може да ви донесе уште поголема неволја.