fbpx

(ВИДЕО) Лука е роден здрав, по вакцината сѐ се смени: Нова исповед на Оџаклиевска

Легендарната македонска пејачка Маја Оџаклиевска со нова објава, овојпат пропратена со две видеа, повторно проговори низ што сѐ поминува со нејзиниот аутистичен внук Лука.

Пред три недели Оџаклиевска отворено проговори за сите непредвидливи и помалку пријатни ситуации со кои морала да се соочи за време на самоизолацијата, а овојпат повторно се фокусира на ММР вакцината за која тврди дека била погубна за Лука.

Објавата ви ја пренесуваме во целост:

„Лука е роден како здраво бебе. Од првиот ден, народски кажано, изгледаше како „очите да му се на зејтин“. На шест месеци, со погледот и движењата се одзиваше на своето име.

На година ипол веќе јасно изговараше зборови и дури се обидуваше да склопува едноставни реченици.

Потоа ја прими ММР вакцината.

Преку ноќ стана раздразлив, со часови не можеше да заспие и покрај нишањето и музиката. Престана да зборува, да се смее, одбиваше храна и се врати во пелени. Кога беше буден, се криеше под маса и по ќошиња.

Во нападите на вознемиреност си ја удираше главата од подот или се удираше безмилосно со рачињата. Се обидувавме да ја спречиме самоагресијата, а таа потоа се претвореше во агресија.

Го однесовме на ЕЕГ и тие ни рекоа дека има сосема нормална мозочна функција.

Лука денес има 10 години. Сè уште не зборува.

Нападите на автоагресија и агресија значително се проретчија благодарение на огромната количина трпеливост, љубов, толеранција, усмерување и прилагодена исхрана.

Лука сака музика, долги прошетки, галење, возење (со сите превозни средства) и забранети слатки. Секако, прогледуваме низ прсти. 

П.С. Не ме прашувајте зошто престанав да ја бојадисувам косата, зошто ја скратив  или зошто ретко се појавувам.

Имам поважна работа“.

Следни Објави

Што ни носи младата Месечина во Близнаци?

Само еднаш во 365 дена, Близнаците имаат млада Месечина во својот знак, а оваа година се активира утре на 22 мај Со младата Месечина во Близнаци се буди желбата кај многу личности за некои новитети, осебно на емотивно поле. Овој период е многу важен за зацртаните цели на кои треба […]