Венко Филипче открива дека скринингот во градинките завршува следната недела, најавувајќи дека детските установи ќе започнат со работа кон почетокот на јуни.
– Оваа недела би требало да заврши скринингот и веќе од онаа следна недела градинките ќе почнат со работа, значи отприлика на почетокот на јуни – изјави министерот за здравство во интервју на ТВ 24.
На новинарското прашање кога се планира да се отворат границите, министерот нагласи дека тоа се очекува кон средината на јули.
– Средина на јули се очекува отворање на границите, тоа е разумен период кога би можеле да се отворат границите – посочи Филипче, апелирајќи дека луѓето можат да одат каде било доколку ги почитуваат мерките.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Спасете се од тешки болести: Ако имате над 45, мора да го знаете ова!
(ВИДЕО) Лука е роден здрав, по вакцината сѐ се смени: Нова исповед на Оџаклиевска
Им дадов сѐ во животот, сега едвај преживувам: Еве како моите чеда ми враќаат!