fbpx

Најнова вест: Успешно тестирана вакцина против Ковид-19

Руски истражувачи кои работат на вакцина против новиот коронавирус, развија имунитет на инфекцијата откако ја проверија на себеси, јавуваат тамошните медиуми.

„Научниците од Истражувачкиот центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеј“ не работеа толку многу на тестирањето, колку што работеја на заштита за да можат да продолжат да работат“, изјави директорот на тој центар, Александар Гинцбург.

На прашањето дали имало несакани ефекти, Гинцбург изјавил дека сите што биле вклучени во развојот се заштитени. Тој не кажа колку луѓе ја примиле вакцината, која користи ослабен вирус за да испорача мали делови од патогенот и да поттикне имунолошкиот одговор. Само изјави дека вакцината ја примиле широк спектар од оние кои работеле на вакцината, предклинички истражувачи и технолози, пренесува „Москва тајмс“.

Истражувачкиот центар ги чека резултатите од тестовите направени на мајмуни со цел да побара дозвола од Министерството за здравство да почне клинички испитувања врз луѓе, посочи Гинцбург.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

Спасете се од тешки болести: Ако имате над 45, мора да го знаете ова!

(ВИДЕО) Лука е роден здрав, по вакцината сѐ се смени: Нова исповед на Оџаклиевска

Им дадов сѐ во животот, сега едвај преживувам: Еве како моите чеда ми враќаат!

Следни Објави

Нема карантин од утре: Владата одлучи за полицискиот час

Следејќи ја моменталната епидемиолошка состојба со КОВИД-19, како и препораките на Комисијата за заразни болести, на денешната владина седница донесовме одлука за зголемена рестрикција на движењето на граѓаните за време на претстојниот празничен викенд, информираат од Владата. Се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од […]