fbpx

Нема карантин од утре: Владата одлучи за полицискиот час

Следејќи ја моменталната епидемиолошка состојба со КОВИД-19, како и препораките на Комисијата за заразни болести, на денешната владина седница донесовме одлука за зголемена рестрикција на движењето на граѓаните за време на претстојниот празничен викенд, информираат од Владата.

Се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, 24 мај, во 11:00 часот до вторник, 26 мај, до 05:00 часот.

Во сабота, на 23 мај, забраната за движење останува иста како и за сите други денови, од 19:00 часот до 05:00 часот наутро.

Ова е првпат од воведувањето на вонредната состојба министрите да не ја послушаат Комисијата за заразни болести. Таа завчера побара да се воведе целосен карантин кој би започнал утре во 19:00 часот и би траел до 05:00 часот во вторник.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

(ФОТО) Ги зголеми усните и се подмлади: Црнокрак за корекциите

Живее филмски во Париз: Која е македонската муза од Струмица?

Ако живеете во проколната куќа, нема среќа за вас: Ова се знаците!

Им дадов сѐ во животот, сега едвај преживувам: Еве како моите чеда ми враќаат!

Следни Објави

Филипче открива: Градинките се отвораат за десетина дена, за границите ќе почекаме

Венко Филипче открива дека скринингот во градинките завршува следната недела, најавувајќи дека детските установи ќе започнат со работа кон почетокот на јуни. – Оваа недела би требало да заврши скринингот и веќе од онаа следна недела градинките ќе почнат со работа, значи отприлика на почетокот на јуни – изјави министерот […]