И покрај препораката дадена уште пред три дена од страна на Комисијата за заразни болести за уште еден маратонски карантин овој викенд поради пазниците Рамазан Бајрам и „Свети Кирил и Методиј“, Владата сѐ уште нема донесено одлука дали 58 часа ќе бидеме затворени дома.
Премиерот Оливер Спасовски кој денеска со министерот за здравство Венко Филипче и вицепремиерот Османи присуствуваше на предавање донација на неинванзивни респиратори на Клиниката за инфективни болести и фербилни состојби во Скопје, не сакаше да каже дали веќе е донесена одлуката за полицискиот час за претстојниот викенд.
– Седница на Влада е закажана во 17 часот и тогаш ќе ја донесеме одлуката – им порача Спасовски на новинарите.
Иако според првичните неофицијални најави ваквиот предлог бил прифатлив за надлежните, се крена голема врева и незадоволство меѓу граѓаните, а ИВЗ веќе подготви план за одење во џамија за празникот и покрај најавите за можен целосен карантин.
– Преку притисок никој не може ништо да направи. Државата е најважна и не постои ниту еден полтичар, верски субјект или било кој друг кој може нешто да добие преку притисок – нагласи Спасовки.
Според пишувањата на одредени национални медиуми, се разгледува можноста и за полициски час кој би почнувал од 16 часот, наместо целосно затворање во национален карантин.