Не можам да најдам зборови за да ја опишам нашата Емче. Никогаш во животот не покажа разочарување, насмевката ѝ беше заштитен знак. Многу му се радуваше на внучето, беше посветена мајка и сопруга. Работеше во кафеаната „Боеми“ во Дојран, во кујната – открива Наташа Накова, прва братучеда на Емилија Динева, жената чие срце и бубрези се донираа, откако го изгуби животот во сообраќајна несреќа.
Накова за „Фокус“ раскажува дека тој кобен ден, кога се случила несреќата, Емилија со мопедот тргнала на работа. Удрила во бетонска ограда. Поради тешко крварење во мозокот, четири дена била во кома.
– На сите ни е многу тешко, но семејството собра сили и одлучи таа да биде донор, да се спасат човечки животи. Горди сме на одлуката. Секогаш во мислите и срцата ќе ни остане нејзиниот насмеан лик, вели Накова за „Фокус“.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Емилија, твоето срце душо продолжи да чука!
Тема за која малку се зборува: Кој може да биде дарител на органи и кога?
(ВИДЕО) Лука е роден здрав, по вакцината сѐ се смени: Нова исповед на Оџаклиевска
Лекарите открија: Пред вирусот да се развие, се појавува овој симптом!
Ако живеете во проколната куќа, нема среќа за вас: Ова се знаците!
Им дадов сѐ во животот, сега едвај преживувам: Еве како моите чеда ми враќаат!