fbpx

Емилија погребана во Сретеново: Џамбазов со емотивна посвета

Во дојранско Сретеново денеска беше погребана жената-херој, жената која успеа да нѐ обедини, жената што испиша историја! Најблиските денеска се простија од Емилија Динева, жената чие срце и бубрези се донираа, откако го изгуби животот во сообраќајна несреќа.

Со Емилија се прости и македонскиот актер и шоумен Игор Џамбазов кој поголемиот дел од самоизолацијата го поминува токму во Сретеново.

– Денес, на гробиштата во Сретеново, Дојран ја испрати својата сограѓанка и пријателка, Емилија Динева, чие срце вчера спаси еден човечки живот, а нејзините бубрези ќе спасат уште два.

Почивај во апсолутен мир, пријателке Емилија. И да знаеш.
Твоето семејство нѐ потсети што значи да се биде хуман и во најтешките моменти. Твоите најблиски покажаа колку големо срце имаат.

Срце големо колку просторот од твоето Јосифово, до нашиот единствен Дојран. Диневи, Ви се поклонувам до земја! – напиша Џамбазов.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

Рано останал без мајка, слави за животот на татка си: Васил ја отвори душата

Емилија му се радуваше на внучето, беше посветена мајка и сопруга

Тема за која малку се зборува: Кој може да биде дарител на органи и кога?

Крвната група открива многу за нас: Ќе се изненадите од точните податоци!

Следни Објави

Ми скршија 20 трмки, две ми украдоа: Атиџе разочарана од луѓето

Не се плашам од корона, се плашам од лоши луѓе, вели Атиџе Муратова, ѕвездата од оскаровскиот македонски документарен филм „Медена земја“. Жената која пред само неколку месеци нѐ обедини сите, жената од која сите се чукавме во гради дека имаме многу што да научиме, со нејзината последна изјава во медиумите […]