Васил Огњановски, синот на 54-годишниот Иван кој е првиот човек во Македонија на кој му беше извршена трансплантација на срце, рано останал без мајка. Починала од рак кога имал само 12 години, па многу добро знае колку им е тешко на децата на Емилија, жената чие срце сега чука во градите на неговиот татко.
– Во татко ми сега чука женско срце, но сигурен сум дека машки ќе издржи – вели Васил за порталот „Мајка и дете“.
Неговата семејна приказна не е една од најсреќните. Татко му на Васил долги години живеел во Русија. Така тој и неговиот помлад брат пораснале со баба им, мајка на нивната мајка, а кај родителите на татко му оделе најчесто за време на викендите. Со татко му Васил контактирал телефонски, а кога Иван последен пат дошол во Македонија пред 6 години и останал тука за да се грижи за својот татко, по смртта на мајка си, таткото и синот конечно се зближиле и почнале да поминуваат заедно повеќе време.
Целата приказната можете да ја прочитате на порталот „Мајка и дете“.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Иван е буден и добро се чувствува!
Емилија му се радуваше на внучето, беше посветена мајка и сопруга
Тема за која малку се зборува: Кој може да биде дарител на органи и кога?
(ВИДЕО) Лука е роден здрав, по вакцината сѐ се смени: Нова исповед на Оџаклиевска
Лекарите открија: Пред вирусот да се развие, се појавува овој симптом!
Крвната група открива многу за нас: Ќе се изненадите од точните податоци!
Ако живеете во проколната куќа, нема среќа за вас: Ова се знаците!
Им дадов сѐ во животот, сега едвај преживувам: Еве како моите чеда ми враќаат!