fbpx

Ми скршија 20 трмки, две ми украдоа: Атиџе разочарана од луѓето

Не се плашам од корона, се плашам од лоши луѓе, вели Атиџе Муратова, ѕвездата од оскаровскиот македонски документарен филм „Медена земја“.

Жената која пред само неколку месеци нѐ обедини сите, жената од која сите се чукавме во гради дека имаме многу што да научиме, со нејзината последна изјава во медиумите повторно нѐ врати во суровата реалност.

– Кај да бидам, тука сум со пчелите. Бев кратко во Дорфулија, го менувам кровот на куќата, но повеќе сум во Бекирлија. И кога се вратив имав што да видам. Дваесет нови трмки кои требаше да се населат со пчели беа искршени, а две постари трмки полни со пчели ми украле. А, годинава не знам како ќе биде, малку повеќе дува ветер, а кога дува не се ројат. Ме нервира лошото во луѓето, да живее некој за да му наштети на другиот. Ете, тоа не можам да го разберам. Јас никому не сум му наштетила, ниту сакам. Јас не сум таков човек и затоа тоа не можам да го разберам кај другите луѓе – раскажува разочарано Муратова за порталот „ММС“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

(ФОТО) Ги зголеми усните и се подмлади: Црнокрак за корекциите

Живее филмски во Париз: Која е македонската муза од Струмица?

Ако живеете во проколната куќа, нема среќа за вас: Ова се знаците!

Родителите го обожаваат, но ова машко име е со најтажно значење

Крвната група открива многу за нас: Ќе се изненадите од точните податоци!

Имал три желби пред да умре: Сите ги оставил без збор!

Следни Објави

(ФОТО) Љубов на село: Џамбазов и Илина не се кријат повеќе!

И двајцата одлично ги познаваме и се исклучително добри во тоа што го прават. Тој е најпопуларниот македонски шоумен, а таа е првата Македонка која го искачи Монт Еверест, но и една од 60-те во светот кои ги искачиле највисоките врвови на сите континенти. Судејќи според објавите на социјалните мрежи, […]