Го ризикуваат својот живот, за да ги спасат нашите. И меѓу нив има не толку чесни, па често се соочуваат и со непријатни муабети, но повеќето работат одговорно и професионално. Факт е дека постојано се под невиден притисок, особено во едни вакви вонредни услови.
Лекарите понекогаш се директни, понекогаш одбират зборови кога треба нешто да соопштат, но има неколку сериозни работи, особено овие пет, кои никогаш нема да ви ги признаат.
Благодарноста е сила
Многу често имаат неверојатно блиска комуникација со пациентот, особено кога се борат за неговиот живот. По неговото закрепнување сакаат кога некој им се заблагодарува за таканареченото „враќање во живот“. Така се чувствуваат особено исполнети.
Денес ве има, утре веќе не
Животот е краток и лекарите секојдневно се борат за истиот. Оваа битка им остава длабок психолошки белег. Тие најдобро разбираат колку е кревок животот.
Здравјето е богатство
Малкумина умеат да сфатат дека малите работи во нашите животи многу влијаат на нашето здравје. Здравјето не може да се купи, но тоа лекарот ретко ќе ви го каже, бидејќи едноставно се подразбира.
Телото е само тело
Телата на пациентите за лекарите никогаш не се нешто срамно или засрамувачко. Тие не се грижат дали пред прегледот добро сте се „средиле“ или какви алишта носите. За нив телото е само предмет на професионално истражување.
Кафето е храна
Лекарите и воопшто здравствените работници често немаат време ниту правилно да се хранат. Кога имаат многу пациенти, тешки случаи и комплицирани зафати, тие живеат на кафе. Водејќи сметка за пациентите, често забораваат на сопственото здравје.