Претседателот на македонската Влада, Оливер Спасовски, на прес-конференција потврди дека од утре целосно престанува важењето на посебен режим за движење, односно укинување на полицискиот час. Од четврток отпочнуваат со работа и угостителските објекти со прецизно утврден соодветен протокол за нивна работа во отворените делови, односно терасите.
– Според анализите и препораките на Комисијата за заразни болести, врз основа на анализите и препотраките, Владата наа Република Северна Македонија денес донесе одлука со коja престанува важењето на неколку рестриктивни мерки – рече Спасовски.
Од први јуни престануваат да важат и посебните мерки за исполнувањето на работните обврски. Ова нема да важи за хронично болните, а отстапка ќе има и за родителите до 10 години или предшколска возраст за кои ќе се чека одлуката за работа на градниките.
Изготвен е и прецизен протокол при влез на сите лица во земјава. Задолжителниот карантин се заменува со домашна изолација, доколку лицата прикажат негативен тест направен во последните 72 часа пред да влезат во државата.
„Од денеска сите што се во државен карантин на свој трошок можат да направат тест и доколку е негативен веднаш ќе бидат пуштени во домашна изолација“, нагласи Спасовски.