На денешната седница Владата донесе одлука од утре да се укине полицискиот час, дознава ТВ21. Веќе има и конечна одлука рестораните и кафулињата да започнат со работа од четврток, но според посебен протокол.
Одлуките ќе се дознаат во 19 часот кога и ќе биде прес-конференцијата на претседателот на Владата, Оливер Спасовски, министерот за здравство, Венко Филипче и д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје.
Претходно денеска заседаваше Комисијата за заразни болести која ги анализираше тековните состојби со ширењето на вирусот, а меѓу темите за расправа беа можностите за олабавување на мерките за отворање на угостителските објекти, на градинките и евентуалното намалување на полицискиот час.