Моника Конопова (Ристeска), девојката која се декларира како гласноговорник за легализација на марихуаната во нашата земја, инаку дипломиран новинар и магистер по филмска продукција, објави неколку вознемирувачки фотографии на „Твитер“ и го обвини нејзиниот татко за семејно насилство.
– Пред два часа, татко ми Стојан Ристески, неписмен бездушник и хроничен алкохоличар на ул. Антон Чехов 41б во геге, се обиде да ме убие кога тргнав во кујна да земам храна. Ме нападна со тупаници и дрвено столче во глава, ми го скрши носот и ми ја измести вилицата! – напиша Моника на „Твитер“.