Елизабета Ѓеоргиевска, сопругата на претседателот Стево Пендаровски, на својот инстаграм-профил објави интересна фотографија со која на своите следбеници им откри дека нивниот син Огнен наполнил 18 години.
Ѓоргиевска која работи на Клиниката за детска и превентивна стоматологија и е професорка на Стоматолошкиот факултет при УКИМ во Скопје, лани во едно интервју изјави дека би сакала Огнен, пред сѐ, да биде среќен, да се занимава со она што го сака и да биде опкружен со луѓе што ги сака.
– Огнен е вредно момче, добар ученик, и за среќа, не го интересираат ниту политиката, ниту стоматологијата. Се трудиме да го научиме на вистинските вредности и кон што треба да се стрeми во животот. Го учиме многу да чита, да работи, да размислува, да биде чесен и добар со другите – изјави Ѓеоргиевска.