fbpx

Чудо во Чиле: На 111 години го победи коронавирусот

Жена од Чиле на возраст од 111 години комплетно се опоравила од коронавирусот, јавуваат локалните медиуми.

ТВ-станицата 24 horas информира дека жената била позитивна на Ковид-19 откако била тестирана на 12 април. Лекарите кои се грижеле за неа велат дека едвај покажувала симптоми.

– Само еднаш или двапати имаше покачена температура, но немаше кашлица – изјави директорката на старечкиот дом во кој е сместена оваа супербабичка, дополнувајќи дека жената порано имала проблеми со дишењето.

Првиот случај на коронавирус во Чиле беше регистриран на трети март. До денес во таа земја се регистрирани речиси 78.000 заболени од кои над 800 починаа.

Следни Објави

Министер го спореди коронавирусот со жените

Министерот за безбедност на Индонезија, Мохамед Махфуд, новиот коронавирус го спореди со жените. – Пред некој ден добив порака од пријател, која гласеше: Короната е како твојата сопруга. Прво се обидуваш да ја контролираш, потоа сфаќаш дека не функционира тоа. И тогаш ќе се научиш да живееш со нејзе – […]