Едни од најголемите ширачи на лажни вести на „Фејсбук“ се банирани од платформата поради користење на „трол фарми“ од Македонија и од Филипини, јавува NBC News.
Од „Фејсбук“ велат дека се пронајдени странски тролови коишто постојано постираат содржина од Natural News, сајт што пласира теории на заговор за коронавирусот како дел од некаков владин заговор за контролирање на населението преку вакцини.
„Ги отстранивме тие страници поради насилсно однесување, не поради содржината што ја пласираат. Даваат лажна слика на луѓето за популарноста на нивните постови кои се засновани на сомнителни содржини“, информираат од „Фејсбук.