fbpx

Нови 58 случаи, заседава Комисијата за заразни болести

Во изминатото деноноќие се регистирани 58 новозаразени пациенти со коронавирус во Македонија, објави „Фактор“.

Според неофицијалните извори, најголем број заразени има во скопските општини Сарај, Чаир и Бутел.

Во тек е состанок на Комисијата за заразни болести.

Ова е најголем број новозаразени со ковид-19 досега откако почна да опаѓа бројот пред неполн месец. На 12 април беа регистирани 68 новозаразени во еден ден. Првиот случај беше регистиран на 26 февруари.

Вчера Министерството за здравство информираше за тројца починати и 38 новозаразени со Kовид-19. И во екот на заразата, никогаш досега немало 58 новозаразени во еден ден.

Од среда, 27 мај, Владата го укина полицискиот час кој беше на сила повеќе од два месеци, а од вчера работат кафеаните и рестораните по посебни протоколи.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.077, бројката на оздравени пациенти е 1.486, на починати е 122, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 469. Овие бројки се однесуваат на вчерашниот ден.

Следни Објави

Со одело од претстава на погребот на Тито: Циле си ја отвори душата

Васил Тупурковски првпат облекол костум на погребот на Тито. Оваа приказна, познатиот политичар и професор му ја раскажа на Жаре во Еден на Еден, во епизодата што ќе ја гледаме во недела, од 18.30 на Канал 5. – Првпат морав да облечам одело на погребот на Тито. Го изнајмив од […]