fbpx

Со одело од претстава на погребот на Тито: Циле си ја отвори душата

Васил Тупурковски првпат облекол костум на погребот на Тито. Оваа приказна, познатиот политичар и професор му ја раскажа на Жаре во Еден на Еден, во епизодата што ќе ја гледаме во недела, од 18.30 на Канал 5.

– Првпат морав да облечам одело на погребот на Тито. Го изнајмив од театар од Белгад, тоа е костум од претставата „Господа Глембаеви – вели Тупурковски.

Тој раскажа и за тоа зошто го добил прекарот Циле, за времето кога син му го носел на состаноците на Претседателството на Југославија чиј член беше, за рокенрол животот кој го водел додека студирал и во САД и бил на настап на Џими Хендрикс, и уште многу други приказни.

Тупурковски даде и свое кусо мислење за домашните и за регионалните политичари.

Следни Објави

Филипче потврди: 52 нови случаи, четворица починати

Во последните 24 часа направени се 661 тестирање, а регистрирани се 52 нови случаи на ковид-19. – Скопје 26– Куманово 6– Штип 7– Тетово 9– Струга 2– Велес 1– Кочани 1 На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти, пациент од Скопје (73г), примен на клиниката на […]