fbpx

Два осамени врвови се сплотија: Илина проговори за љубовта со Џамбазов

Тектонските движења околу Дојранското езеро приближија два осамени врвови кои се сплотија во планински венец, со што станаа посилни, посреќни и помалку осамени, вели Илина Арсова за „Женски магазин“.

Првата Македонка која го искачи Монт Еверест првпат се огласи во јавноста, откако по неколку објавени фотографии на „Инстаграм“ јавноста не престана да зборува за нејзината врска со актерот и шоумен Игор Џамбазов.

Арсова на шега вели дека да знаела оти толкава популарност се добива со вљубување во јавна личност, ич немала да се мачи толку години наназад да ги качува светските врвови и да си го доведува животот во опасност.

– Немало што да кријам, бидејќи освен повремено прекршување на 7-мата Божја заповед (Не прави прељуба, з.н.), други гревови речиси и да немало или барем јас така чувствувам. Фотографиите кои очигледно побудија толкав интерес во јавноста се најчесто фотографирани околу 5,30 часот наутро, додека уживаме во зраците на изгрејсонцето, без шминки и фотошоп, со бушави коси, но со искрена насмевка и сјај во очите – додава Илина за врската со Џамбазов во интервјуто за „Женски магазин“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

Трајче го чекавме 16 години: Лазови за битката со стерилитет

Следни Објави

Трајче го чекавме 16 години: Лазови за битката со стерилитет

Борбата со стерилитетот не секогаш изгледа едноставна, но кога вербата во докторот е голема, а желбата да се има дете е императив, тогаш годините не се никаква пречка. Доказ за тоа се брачната двојка Лазови, Билјана и Борче, кои 16 години живееја со истата желба – да станат родители. Денес […]