fbpx

Трајче го чекавме 16 години: Лазови за битката со стерилитет

Борбата со стерилитетот не секогаш изгледа едноставна, но кога вербата во докторот е голема, а желбата да се има дете е императив, тогаш годините не се никаква пречка. Доказ за тоа се брачната двојка Лазови, Билјана и Борче, кои 16 години живееја со истата желба – да станат родители. Денес тие велат дека ја имаат нивната најголема животна радост, малиот Трајче, кој секојдневно ги потсетува дека животот е убав!

„Битката со стерилитет ја почнавме во далечната 2002 година во тогашната приватна болница „Мала Богородица – Систина“, кога за првпат се сретнавме со д-р Слободан Лазаревски, кој ни даде голема поддршка и ни вети дека заедно со него ќе ја извојуваме битката и ќе добиеме дете. Од тогаш кај мене силно се разгоре желбата да се остварам како мајка, бев нетрпелива сакајќи што побрзо да го допрам тоа малечко суштество и да го земам во моите прегратки. Започнавме безброј испитувања, кои ги правевме со голем ентузијазам и за кои мислевме дека штом ќе завршат ќе го добиеме долгоочекуваното бебенце. Но, со испитувањата почнаа и првите искушенија. Зачекоривме по една трнлива патека исполнета со големи искушенија, која беше толку долга што никако не се гледаше крајот“, се потсетува Билјана за почетоците на нивната долга борба.

Целата приказна можете да ја прочитате на официјалниот сајт на „Аџибадем Систина“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

Два осамени врвови се сплотија: Илина проговори за љубовта со Џамбазов

(ФОТО) Ќерката слави роденден: Запознајте го семејството на Османи

Лушпите од јајца се богатство, а ние ги фрламе: И корисни се и лекуваат!

Ако живеете во проколната куќа, нема среќа за вас: Ова се знаците!

Следни Објави

Клинички со нов лик: Филипче сподели фотографии

Венко Филипче сподели неколку фотографиии од новиот лик на Клиничкиот центар порачувајќи дека јавното здравје е заедничка одговорност. – Ова е Клиничкиот центар вечерва. Со нов лик, нови и проширени тротоари, зелени појаси и дрвореди, одвоени ленти за итна помош, патеки за посетители и лица со медицински помагала и велосипеди, […]