fbpx

Моето млеко е антибиотик: Киро Гоцевски има фарма за магариња

Магарешкото млеко е антибиотик и е лек за сите болести. Неговата лековистост е потврдена особено за астма, бронхитис и голем број други болести. Имаме продавано млеко на лице кое било оперирано од канцер и по консумирањето неговиот лекар се изненадил од особено добрите резултати. Значи, ако малку пребарате по интернет, ќе видите дека млекото е лек за секакви болести, тврди Киро Гоцевски од делчевското село Нов Истевник, сопственик на фарма за магариња.

Два осамени врвови се сплотија: Илина проговори за љубовта со Џамбазов

По 20 години работа во Швајцарија, Гоцевски решил да се врати во родниот крај и да ја реализира својата идеја што ја имал повеќе од 15 години. Отворил фарма за магариња, идеја што на прв поглед можеби за многумина звучи чудно, но, како што самиот вели, само за оние што не ја знаат вредноста на магарешкото млеко, кое поради неговите лековити својства е меѓу најбараните и најскапи производи во западните земји.

Трајче го чекавме 16 години: Лазови за битката со стерилитет

Освен со фармата, Гоцевски е преокупиран и со одгледување на сина слива која ја засадил на површина од 50 декари.

Неговата животна приказна прочитајте ја на МИА.

Следни Објави

Нови 62 заразени, две лица починаа

Во изминатото деноноќие регистрирани се 62 новозаразени со Ковид 19, што е значителен пораст во однос на вчера, кога беа евидентирани 35 нови случаи. Според неофицијални информации на Фокус, 24 од нив се од Скопје, 14 од Штип, 12 од Тетово.. Починаа две лица, од Струга и од Гостивар.