Ова многу често македонско име е едно и од најпопуларните во светски рамки. Потекнува од грчкото „Елене, Хелене“ изворно од „hele“ што значи „сончева светлост, сјајна, блескава“. Жените кои го носат ова име се верува дека зрачат каде и да се појават.
Во христијанството, позната е царицата Елена, мајка на цар Констанстин. Царот Константин Велики и неговата мајка, царицата Елена, за нивните заслуги во признавањето и ширењето на христијанството Светата црква ги прогласила за светители и рамноапостолни, што значи по значење рамни на апостолите. Царот Константин спаѓа меѓу најзначајните личности во историјата на човештвото, бидејќи по подолго прогонување на христијанството тој е првиот владетел на големата Римска империја што ја признал оваа вера.
Според хеленската легенда, тоа било името на најубавата жена во светот, ќерката на Зевс. Во Хомеровата „Илијада“, убавата Елена е жената поради која настана крвавата Тројанската војна.