fbpx

Беше тивок и благороден: Беким (44) ја загуби битката со коронавирусот

Колегите од ТВ „Спектра“ од Лабуништа со емотивно писмо се простија од 44-годишниот Беким Бајрамоски, техничар во телевизијата кој ја загуби битката со коронавирусот.

Денес добивме жална вест која на сите нас многу нѐ растажи. Уште една благородна душа се врати кај својот Господар. Се сеќаваме на нашиот колега, брат, другар, наш лабуништанец, Беким Бајрамоски како човек со благородна душа, мирен и работлив. Беким започна со работа во 2003 година како техничар, па до денес, скоро сите ТВ преноси и снимки од секакви манифестации ги работеше токму тој.

Беше тивок и благороден човек и со својата добрина и срамежливост запленуваше во својата околина. Беким зад себе остави бројни потписи и присуства зад многу настани и организации..

Секогаш беше на прва линија кога се организираа разно разни манифестации, исламски, културни, спортски и ред др. Беше дел од организација на Фудбалскиот клуб Лабуништа, дел од организацијата на навивачката група Гмечери, дел од организацијата на турнири за мал фудбал, дел од организацијата на карете клуб Ерол натпревари, училишни манифестации и многу многу други манифестации.
Во една реченица Беким се залагаше и даваше се одсебе за сите манифестации кои се организираа во нашето Лабуништа.

Упатуваме дова до Севишниот Аллах џ.ш. да му се смилува, да му прости и да го награди со Џеннет.
Воедно во име на ТВ Спектра на неговото семејство им изразуваме искрено сочувство.

Inna Lillahi wa inna ilejhi radziun …
Сите сме Аллахови и сите кај Аллах ќе се вратиме…

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

Ми велеа да не одам на лекар: Потресна исповед на пациентка од Инфективна

Ексклузивно видео: Заболени пациенти зборуваат пред камера

Ако живеете во проколната куќа, нема среќа за вас: Ова се знаците!

Следни Објави

Ми велеа да не одам на лекар: Потресна исповед на пациентка од Инфективна

Бев болна, имав проблеми и со срцето, но откако ме фати вирусот, многу ми ги оштети белите дробови. Вака ја почнува својата потресна исповед пациентка од Инфективната клиника која за ТВ Клан одлучи отворено да проговори за коронавирусот. – Две недели бев дома, пиев лекови и се плашев да дојдам […]