fbpx

Да се биде татко на три деца е привилегија: Трпчески проговори за семејството

Да се биде татко на три деца е среќа, радост и привилегија. Да, не е лесно во одредени моменти, но тоа е природно и треба да се помине во рамките на свеста за тоа, вели Симон Трпчески, во интервју за порталот „ММС“.

Македонскиот пијанист со светска кариера објаснува дека по првото дете со сопругата Даниела не очекувавле близнаци, но двајцата се потрудиле во текот на бременоста да го сфатат фактот и да се подготват за тоа. Зборувајќи за ќерката Лара, вели дека како и секој родител со востановени стандарди и принципи, ја учи да биде добра личност, да биде здрава.

– Сега е на возраст во која децата се повеќе осознаваат. Да биде вредна, работлива, она што го прави да се труди да го прави најдобро што може, да се почитува себе си, особено ако има причина за тоа. Да ги почитува и останатите, да биде добра личност затоа што на тој начин и сето ова заедно ќе ја направат мудра личност. Нели мудрите се мудри затоа што се добри, но и добрите се добри затоа што се мудри, како што рекол Лорка. Ја учам и на уште нешто – да биде културна и слободна. Тоа мене ме учеше и татко ми и тоа е еден од рецептите за успех. Што се донесува до односот со братчињата да биде правична, еднаква. Таа како поголема сестричка доаѓа во судир, што е многу интересно и смешно, понекогаш забавно, но нам како родители ни е убаво да се биде дел од растот на своето дете. Навистина дома ни е многу весело – признава Трпчески.

Тој е над две децении во брак, а за сопругата која ретко ја експонира во јавноста раскажува  дека завршила психологија како одличен студент, како што вели, професија која денес, особено на нашиот менталитет на народ, е од исклучително значење.

Следни Објави

И Лукаревска е позитивна на Ковид-19

После веста која ја објави другарот Мухамед Зекири, а поради работните состаноци кои ги имавме заедно, направив тест за Ковид-19 и резултатот е позитивен, објави директорката на УЈП, Сања Лукаревска на својот профил на „Фејсбук“. „Немам никакви симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Не можам да бидам сигурна на […]