Министерот за здравство, Венко Филипче, пред малку откри дека во приватен дом за стари лица кој има објекти во Ченто и во Кадино, позитивни на Ковид-19 се две штитенички во едниот дом, а во другиот тројца вработени.
– Изанализирани се сите контакти и дадени се решенија за изолација. Има информација и за позитивен полицаец од пограничната полиција од странство. По враќањето во Унгарија бил дијагностициран позитивен. Во тект на денот ќе бидат тестирани триесетина полицајци на јужната граница – информира Филипче.