fbpx

Целосен карантин за сите граѓани на Скопје, забрана за посета на гробишта

Министерот за здравство Венко Филипче пред малку на прес-конференција потврди дека се враќа полицискиот час во земјава.

– Владата донесе одлука за враќање на полицискиот час и рестрикциите на движењето, односно се воведува целосна забрана на движење на сите граѓани на Скопје (сите општини), Куманово, Липково, Штип, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце почнувајќи од утре (4 јуни) од 21 часот до понеделник (8 јуни) до 5 часот наутро. Во сите останати градови се забранува движење на сите граѓани од утре во 21 часот до 5 наутро во петок, а во останатите денови од 16 до 5 часот наутро – информира Филипче.  

Тој ја објави и владината одлука дека за истиот период се забранува посета на гробишта на целата држава, освен во случај на погреби.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

Беше тивок и благороден: Беким (44) ја загуби битката со коронавирусот

Кога таа се качува, тишината се слуша: И Џамбазов се отвори за Илина

Ако живеете во проколната куќа, нема среќа за вас: Ова се знаците!

Следни Објави

Филипче: Знам дека се чувствувате обесправени

Враќањето на рестрикциите на никој не му паѓа лесно. Верувам дека можеби се чуствувате обесправени бидејќи најголем дел од вас доследно се придржуваат до мерки за што сум ви благодарен, порача денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој вечерва на редовната прес-конференција ја соопшти владината одлука за враќањето на полицискиот час […]