fbpx

Филипче: Знам дека се чувствувате обесправени

Враќањето на рестрикциите на никој не му паѓа лесно. Верувам дека можеби се чуствувате обесправени бидејќи најголем дел од вас доследно се придржуваат до мерки за што сум ви благодарен, порача денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој вечерва на редовната прес-конференција ја соопшти владината одлука за враќањето на полицискиот час и за целосното ограничување на движењето за сите граѓани на Скопје и за уште неколку општини.

– Моја обврска како министер е да направиме сѐ за заштита на колективното здравје, како и заштита на здравствениот систем кој не смееме да дозволиме да се оптовари. Ако било кога во историјата на земјата било потребно единство и заеднички интерес, тоа е сега. Убеден сум ако сите се заложиме и секој со своето влијание се бори за заедничката цел – здравјето на граѓаните, верувам дека ќе успееме многу брзо да го надминеме и овој втор бран – рече Филипче.

Тој додаде дека овој нов бран е директна последица на непочитување на јасно пропишаните мерки, но и на задоцнетата или слаба активност за казнување од страна на надлежното министерство.

– Вирусот не е шега. Одговорноста е на секој поединец. Не треба да дозволиме дури откако ќе се разболиме да ја разбереме опасноста од вирусот. Ние не можеме да направиме ништо без граѓаните. И ова не е никаква политичка флоскула. Ова е реалност и само заедно може да ја надминеме кризата, никако поинаку – изјави министерот.

Следни Објави

Битка до последен здив: Нови фотографии од Инфективна

Меѓу ѕидовите на Клиниката за инфективни болести во Скопје е тивко. Убаво е осветлено, површините се дезинфицирани и чисти, нема врева и нема врвулица. На прв поглед, човек не би рекол дека така изгледа првата линија на фронтот во битката против невидливиот непријател кој го покори светот и целосно го […]