Предлогот на Комисијата за заразни болести е да се воведе карантин за престојниот викенд за цело Скопје, Штип, Куманово и Тетово од утре во 21 часот до понеделник до 05 часот, дознава Фокус.
Според истиот извор, за другите градови ќе има полициски час од 16 до 05 часот.
Викендов е Духовден или Задушница, кога традиционално, христијаните ги посетуваат гробиштата, се собираат многу луѓе на едно место и се дели храна.
Министерот за здравство Венко Филипче пред некој ден најави дека го имаат в предвид празникот и дека одлуките ќе се носат во зависност од тоа како ќе се однесуваат граѓаните.
Фото: МИА