По прогласената пандемија со новиот коронавирус, македонскиот министер за здравство Венко Филипче постојано е во очите на јавноста која освен за неговата професионална кариера, сѐ повеќе се интересира и за неговиот приватен живот.
Во продолжение одбравме пет работи кои можеби не сте ги знаеле за Филипче!
1. Се буди околу 4-5 наутро. Вели дека така е попродуктивен.
2. Кафе почнал да пие пред седум години кога бил на специјализација во Швајцарија. „Сега стасав до ниво да пијам 6 до 7 еспреса до 4-5 попладне. Не знам дали сум испил цистерна до сега, или Олимписки базен“, раскажа министерот. Да се надеваме дека наскоро ќе ѝ ја исполни желбата за кафе-средба на Lide Lide, неговата најголема обожавателка.
3. Министерот за здравство во шоуто „Еден на еден“ изјави дека никогаш не пиел многу алкохол.
4. Мусандра и Парамалибу биле негови места за излегување во младоста.
5. Признава дека не знае да готви, освен тост и евентуално јајца на око. Кога други готват, омилено јадење му е паста, било каква со црвен сос.