Ѕвездата од оскаровскиот македонски документарец „Медена земја“ конечно влезе во студио и официјално го сними рефренот „Чекор по чекор“, песна по која стана препознатлива.
Аранжмманот е дело на Љупчо Соколовски и на Илчо Јованов, а темата која има и дует-верзија со Васил Чамов се снимаше во студиото City sound.
МИ СКРШИЈА 20 ТРМКИ, ДВЕ МИ УКРАДОА: АТИЏЕ РАЗОЧАРАНА ОД ЛУЃЕТО
Атиџе Муратова не ги криеше емоциите. Вели дека е пресреќна и дека соништата ѝ е остваруваат.
– Првпат сум во студио, ама сега веќе се навикнав. Снимав дел по дел и не грешев. Имам уште две песни. Многу сум возбудена и среќна. Требаше поодамна да ги снимаме, ама поради короната се забави. Ќе имам настап на денот на пчеларите, а може да снимам и реклама за мед. Многу се радувам. Ете, никогаш не се знае што ти носи животот. Од сиромаштво, па сите патишта ми се отворија. Најважно е човек да биде добар, да нема лоша мисла – изјави Муратова за порталот „ММС.мк“.
Целиот текст на Весна Миленковска прочитајте го ТУКА!
Можеби ќе ве интересира:
Пет работи кои не сте ги знаеле за Венко Филипче
Со вашите теории ќе се лечите сами: Шефицата на Инфективна удри по граѓаните
(ГАЛЕРИЈА) Гужва на кеј, со жестоко на полуотворени тераси: Охрид денес!