fbpx

Со вашите теории ќе се лечите сами: Шефицата на Инфективна удри по граѓаните

Шефицата на Одделот за инфективни болести, д-р Патриција Каламарас, со подолг статус на „Фејсбук“ го искажа нејзиното големо разочарување од однесувањето на граѓаните и непочитувањето на превентивните мерки. Ви го пренесуваме во целост.

Дали мислите дека со негирање за постоење на вирусот ќе го избегнете вирусот?

Дали мислите дека со вашето надмудрување и непочитување на препораките ќе го избегнете вирусот?

Дали мислите дека со вашите теории на заговор, 5Г и политички препукувања ќе го избегнете вирусот?

Дали мислите дека е во ред да го уништите целиот наш макотрпен труд, одрекување од фамилиите, одрекување од нормален живот со обвиненија дека се е измислица и дека ќе го избегнете вирусот?

Дали мислите дека го заслужуваме ова ние кои постојано бдееме над вас?

Дали мислите дека мерките кои се донесуваат се против вас и дека некој сака да ви наштети?

Дали сте свесни дека непочитувањето на мерките еден ден ќе не убие сите нас?

Уште колку време треба да помине за да се уверите дека над сите нас виси мечот на смртта?

Треба ли да има помор на целиот народ за да сфатите дека вирусот е тука меѓу нас?

Дали сте свесни дека здраствениот персонал е на работ на силите?

Ќе се лечите сами?

А лекови?

Заштитна опрема?

Медицински персонал?

Почна да се разболува персоналот.

А зошто?

Затоа што вирусот не постои?

Едно големо благодарам од името на целиот медицински персонал за вашата почит кон нас. Ете со вашите теории на заговор убијте го целиот персонал, па со вашите теории на заговор ќе се лечите сами.

Можеби ќе ве интересира:

Пет работи кои не сте ги знаеле за Венко Филипче

Живеам во спалната, постојано сум со маска: Докторка удри по македонските граѓани

Следни Објави

(ГАЛЕРИЈА) Гужва на кеј, со жестоко на полуотворени тераси: Охрид денес!

Кафе и жестоко на полуотворени тераси, огромен метеж по кејот на Охридското езеро и воглавно непочитување на социјална дистанца и носење заштитна опрема. Ова е сликата во Охрид денес, кога изминатово деноноќие во нашата земја се регистрирани рекордни 180 нови случаи со Ковид-19. Како изгледаше денес нашиот најпопуларен туристички центар […]