fbpx

Филипче: 125 нови случаи, починаа две лица

Во последните 24 часа се направени 1085 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на ковид-19.

– Скопје 46
– Kуманово 19
– Штип 17
– Прилеп 1
– Тетово 16
– Струга 7
– Велес 3
– Битола 1
– Охрид 5
– Гостивар 6
– Кочани 1
– Делчево 1
– Неготино 2

Починаа две лица, пациент од Прилеп на возраст од 73 години, хоспитализиран во ГОБ „8 септември“ од 19 мај и пациентка од Струмица (67г) хоспитализирана на Клиника за неврохирургија од 18 мај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 8 оздравени пациенти.

– Прилеп 2
– Тетово 1
– Велес 4
– Свети Николе 1

Досега во земјата се направени вкупно 35471 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 113 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Кочани и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2915, бројката на оздравени пациенти е 1640, на починати е 151, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1124.

Следни Објави

(ФОТО) Моќни портрети од македонските херои

Министерот за здравство Венко Филипче на својот официјален профил на „Фејсбук“ сподели впечатливи портрети од дел од неговите колеги. – Горд сум што целокупниот здравствен систем е мобилизиран и функционира како едно. Ова се само дел од моите колеги од Службата за итна медицинска помош која во секое време во […]