fbpx

Караџовски е цврст како куче, но имаме ли ние памет?

По денешниот прес на министерот за здравство Венко Филипче, повторно во фокусот се најде претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски. Тој рече дека анализата покажала дека од 26 мај наваму има исклучително непочитување на мерките за заштита.

– Јас сум цврст како куче и ќе издржам – рече Караџовски кој подолго време е цел на критики и барања за оставка од опозицијата.

Можеби е време да се потсетиме што претходно говореше Караџовски и дали се оправдани тврдењата дека докажаниот епидемиолог не знае да си ја врши работата.

Топлото време не го убива вирусот, а за оние кои не веруваат дека постои, Караџовски препорача да се стават во улога на семејствата кои изгубиле близок поради вирусот за да се уверат во неговото постоење.

– Слушам разни шпекулации дека вирусот го нема, дека умрел, дека ние измислуваме… Ве молам ставете се во улога на фамилија која изгубила некој најдраг. За тие фамилии болеста е сто отсто смртоносна – рече неодамна Караџовски.

Тој бара доследно да се почитуваат превентивните мерки односно дистанцата, носењето респираторна маска како и дезинфекција и често миење на рацете.

– Ќе ми речете, чекајте докторе, во 21 век ми кажувате методи од 19 век? Ве молам, секаде во светот е иста мерка. Додека не се измисли вакцина, никој не измислил поинаква мерка. Вирусот го уништува често миење раце, дезинфекција на раце и она што го велиме ние – памет во глава. Не можеме да се надеваме дека вирусот некого од нас ќе го заобиколи, сите сме потенцијална жртва – предупреди тој.

Следни Објави

Паника во семејството на Цеца: Една од гостинките на прославата има коронавирус

Познатата водителка на телевизија „Пинк“, Душица Јаковљевиќ, е позитивна на Ковид-19, јавува српски „Телеграф“. Таа вчера била примена на Инфективната клиника во лоша состојба со воспаление на белите дробови, па лекарите веднаш алармирале да се тестира. (ФОТО) КАКВА ПРОМЕНА: БОГДАНА РАЖНАТОВИЌ ПРЕД ЕСТЕТСКИТЕ КОРЕКЦИИ! Јаковљевиќ пред неколку дена беше на […]